Skip to main content

Метропола Содржина Древност | Етимологија и урбана употреба | Светски градови | Метрополата како копнена област | Прегледник

голем градтрговијаколонијаагломерацииагломерација2006годинаколонијалатински јазикглобализацијатасметководстворекламирањефинансиизаконАвстралијаАвстралијаСиднејНов Јужен Велс2006ЛонсестонТасманија2006Народна Република БангладешДакаЧитагонгРајшахиКулнаСилхетБарисалРангпурамандманиДакамега градСао ПаолоБразилСао ПаолоРио де ЖанеироБразилБразилФорталезаКуритибаБело ХоризонтеМанаусГојанијаЖоао ПесоаФлорианополисКампинасКанадаКанадаТоронтоМонтреалВанкуверОтаваГерманијаБерлин-БранденбургБремен-ОлденбургФранкфурт-Рајн-МејнХамбургХановер-Брауншвајг-Гетинген-ВолфсбургДрезденХалеЛајпцигМинхенНирнбергРајн-РурШтутгартРајн-НекарИндијаМумбаиПунаЛудианaЊу ДелхиКалкутаМадрасКоимбатореБангалорКанпурХајдерабадАхмедабадНашикСураЏајпурНагпурЛакнауИзраелТел АвивЕрусалимХаифаБир ШеваИзраелТел АвивХаифаБир Шева2001РимМиланоТориноНеапол2009ТурцијаЈапонијаТокио2008ЈапонијаМексикоМексикоПакистанКарачиЛахорИсламабадФаисабаладМетро МанилаМанилаМанилаКалуканЛас ПињасМакатиМалабонМандалајонгМарикинаМунтинлупаНавотасПасајПасагПаранакКезонСан ХуанТагигВаленцуелаПатеросМанилаФилипинитеМанилаглавен градКезонМакати1990ПолскаШлескаВаршаваШлескаЈужна АфрикаЈужна АфрикаОбединето КралствоЛондон1974ЛондонОбединето КралствоЗападен МидлендсБирмингемЗападен ЈоркширЛидсГолем МанчестерГолем ГлазговЛондонСоединети Американски ДржавиСАДСАДСАДЊујоркЛос АнџелесЧикагоДаласХјустонЊујоркЊујоркФранцијаПортугалијаШпанијаФранцијаФранцијаПортугалијаШпанијаУлтрамарФранција









(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());



Метропола


Од Википедија — слободната енциклопедија

Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето


Mетропола претставува многу голем град или урбано подрачје кој е значаен економски, политички и културен центар за земјата или регионот, како и важен центар за регионални или меѓународни врски, трговија, како и комуникации. Терминот е грчки и значел "град мајка" на една колонија (во античка смисла), односно, град кој испратил доселеници. Ова подоцна било изгенерализирано во град кој се смета за центар на одредена активност, или било кој голем, важен град во една земја.


Урбаните области кои имаат помалку од еден милион жители, во современиот контекст, ретко се сметаат за метрополи. Големите градови кои припаѓаат на поголемите урбани агломерации, но не се јадрото на таа агломерација, не се сметаат за метропола, туку како дел од неа. Множина од зборот е најчесто метрополи.


За урбани центри, кои привлекуваат слично внимание во помала мера за нивниот регион, а се надвор од градските подрачја, беше воведен терминот Regiopolis, од страна на германски професори во 2006 година.




Содржина





  • 1 Древност


  • 2 Етимологија и урбана употреба


  • 3 Светски градови

    • 3.1 Австралија


    • 3.2 Бангладеш


    • 3.3 Бразил


    • 3.4 Канада


    • 3.5 Германија


    • 3.6 Индија


    • 3.7 Израел


    • 3.8 Италија


    • 3.9 Турција


    • 3.10 Јапонија


    • 3.11 Мексико


    • 3.12 Пакистан


    • 3.13 Филипини


    • 3.14 Полска


    • 3.15 Јужна Африка


    • 3.16 Обединетото Кралство


    • 3.17 Соединетите Американски Држави



  • 4 Метрополата како копнена област




Древност |


Во минатото, метропола било ознака за град или држава кои потекнуваат од колонија. Многу големи градови основани од страна на древните цивилизации се сметаат за важни светски метрополи на нивното време поради големата населеност и важност. Некои од овие антички метрополи преживеале до ден денес и се меѓу најстарите постојано населени градови.



Етимологија и урбана употреба |




Сиднеј


Ова е грчки збор, кој доаѓа од μήτηρ, метар што значи "мајка" и πόλις, полис што значи "град", начин на кој грчките антички колонии на ги именувале нивните автентични градови, со кои ги задржале култните и политичко-културни врски. Зборот се користел во пост-класичниот латински јазик, за главниот град на покраината, седиштето на владата, и особено, во црковна смисла за седиштето или архиепископското место на митрополитскиот епископ на кој помошниците-епископи му биле подредени. Оваа употреба ја изедначува покраината со епархијата или епископското место.


Во урбаната употреба овој збор се однесува на градско подрачје, збир на соседните и меѓусебно поврзани градови групирани околу еден голем урбан центар. Во оваа смисла metropolitan обично значи "кој се протега на целата метропола" ; или "соодветен на метропола".



Светски градови |




Дака


Поимот светски град претставува град кој со своите социо-економски средства има директен и видлив ефект врз светските зделки. Со подемот на глобализацијата (т.е. глобалните финансии, комуникации, и патување), овој термин стана попознат. Постои и обид, од страна Globalization and World Cities Study Group & Network, да се дефинираат и категоризираат светските градови,според финанскиски критериуми. Според истражувањето, градовите се рангирани врз основа на нивните покритија на "истакнатите производителски положби", како што се сметководство, рекламирање, финансии и закон. Поставени се три типа на светски градови и неколку под-рангирани.
Метропола не секогаш значи и светски град, бидејќи може и да не биде меѓу топ-рангираните поради неговите стандарди на живеење, развој, и инфраструктура.



Австралија |




Рио де Женеиро, Бразил


Владата на Австралија ја смета за метрополска секоја област со население од над 100.000 жители и според оваа дефиниција, постојат најмалку 18 метрополски области во Австралија. Според населението најголема од овие области е Сиднеј, Нов Јужен Велс (со популација од 4.627.345, водејќи се по Пописот во 2006 г.), а најмала е Лонсестон, Тасманија (со популација од 105.445, според Пописот во 2006 г.)



Бангладеш |




Торонто, Канада


Во Народна Република Бангладеш постојат седум метрополски области, Дака, Читагонг, Рајшахи, Кулна, Силхет, Барисал и Рангпур. Земјиштата се високо преценети и се смета дека жителите имаат подобар урбан начин на живот. Постојат специјални полициски одделенија во овие градови, каде има и градски совети за кои се бираат претседатели со пет годишни амандмани. Повеќето од овие градови имаат густина на население од 35.000 квадратни километри, или повеќе. Дака се смета за мега град, бидејќи неговото население надминува 10 милиони.



Бразил |




Минхен, Германија


Сао Паоло е главна метропола во Бразил, со над 15 милиони жители. Во поголемите градови, како Сао Паоло и Рио де Жанеиро (6,3 милиони жители), сиромашните квартови се во се поголем број, како резултат на миграцијата на жителите од руралните средини (како на пример од Североисточниот регион на Бразил), со цел да најдат работа. Термин за градското подрачје, кој се користи во бразилско португалскиот јазик е Região Metropolitana. Другите метрополи во Бразил кои се одликуваат со повеќе од еден милион жители се: Форталеза, Куритиба (над 3.000.000), Бело Хоризонте, Манаус, Гојанија (1,3 милиони евра), Жоао Песоа, Флорианополис, Кампинас, итн.



Канада |


Статистичката служба на Канада ја дефинира метрополитската област како една или повеќе соседни општини кои се наоѓаат околу поголеми урбани средишта, кои имаат најмалку 100.000 жители. Најголемите метрополи во Канада се Торонто, Монтреал, Ванкувер и Отава.



Германија |




Мумбаи, Индија


Метрополите во Германија се градови од голема важност. Важноста на градот е одмерена според три групи на индикатори, наречени и метрополски функции, кои се претставуваат клучни домени во зачувување и развивање на метрополските перформанси.
Кога станува збор за просторно планирање, метрополите најчесто се проучуваат во рамките на регионалниот контекст, па затоа акцентот е ставен на метрополските области. Овие региони може да биде моно централни и мулти централни. Единаесет урбани региони се дефинирани како метрополи: Берлин-Бранденбург, Бремен-Олденбург, Франкфурт-Рајн-Мејн, Хамбург, Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург, Дрезден, Хале, Лајпциг, Минхен, Нирнберг, Рајн-Рур, Штутгарт и Рајн-Некар.



Индија |




Тел Авив, Израел


Признати метрополи во Индија се: Мумбаи, Пуна, Лудианa, Њу Делхи, Калкута, Мадрас, Коимбаторе, Бангалор, Канпур, Хајдерабад, Ахмедабад, Нашик, Сура, Џајпур и Нагпур, Лакнау. Жителите на овие градови имаат исто така право на поголема станарина. Повеќе од четири милиони жители, е квалификацијата за метропола, според Комисијата за пописи.



Израел |


Во Израел постојат четири, главни метрополски области: Тел Авив, Ерусалим, Хаифа и Бир Шева. Централниот завод за статистика во Израел ги дефинираше границите на метрополите Тел Авив, Хаифа и Бир Шева, и ги подели концентричните прстени на градското подрачје.



Италија |




Рим


Со уставните реформи од 2001 г., Италијанската република започна со основање на Aree Metropolitane, која ќе биде воведена најмногу заради поголемите градови како: Рим, Милано, Торино и Неапол, но од 2009 г., се уште не се знае дали овие метрополски области ќе ги заменат перифериите или ќе бидат припоени со постари потподелби.



Турција |


Метрополите во Турција се нарекуваат "büyükşehir belediyesi" и засега постојат 17.



Јапонија |




Токио, Јапонија


Ознаката за метропола во Јапонија е [都]. Таму постои само една, која е структурирана како перфектура, Токио. Од 2008 г., Јапонија има уште 11 други градови кои бројат население поголемо од еден милион.



Мексико |


Во Мексико, терминот метропола се се однесува на урбана средина од економско, политичко и културно значење. Градот Мексико ги застапува сите три чинители, со тоа што е главен град, како и финансиски центар.



Пакистан |


Во Пакистан, главните метрополи се Карачи и Лахор. Останатите се, Исламабад, кој е главен град и Фаисабалад, кој е индустриски центар.



Филипини |




Манила, Филипини


Метро Манила, е метрополитенска област во која спаѓаат градот Манила и неговите околни области. Таа е составена од 17 градови: Манила, Калукан, Лас Пињас, Макати, Малабон, Мандалајонг, Марикина, Мунтинлупа, Навотас, Пасај, Пасаг, Паранак, Кезон, Сан Хуан, Тагиг, Валенцуела, и Општината Патерос. Оваа област е политички, економски, социјален, културен, и образовен центар на Филипините. Како што е прогласено со Претседателската уредба број 940, Метро Манила како целина е седиште на владата на Филипините, но градот Манила е главен град. Најголемиот град во метрополата е Кезон, додека најголемото деловно подрачје е Макати.



Полска |


Унијата на полски метрополи, основана во 1990 г., е организација составена од најголемите градови во земјата. Дванаесет градови се моментално членови на оваа организација, од кои 11 имаат повеќе од четврт милион жители. Најголема метрополитенска област во Полска, рангирана исклучиво според бројот на жители, е Шлеска, со 2.000.000 жители (5.000.000 жители во шлеското градско подрачје), проследено со Варшава, со 1.700.000 жители во градот и 2,7 милиони во варшавската метрополитенска област. Неколку годишните обиди да се соединат поголемите метрополи во една официјална урбана единица, е по иницијатива на Шлеска.



Јужна Африка |


Во Јужна Африка, метрополска општина или "општина од категорија А" е општина, која ги извршува сите функции на локалната власт. За разлика од ова, во руралните општини локалната власт е поделена во покраински општини и локални општини. Постојат осум митрополски општини во Јужна Африка.



Обединетото Кралство |




Лондон


Во Обединето Кралство, кога станува збор за метропола, се мисли на Лондон. Терминот е земен од лондонската полиција, метрополската полициска служба (МЕТ). Одговорниот офицер на метрополската полициска служба е официјално познат како комесар на Полицијата на Метрополата.
Од 1974 г. датираат шест метрополски области (надвор од Лондон), сите поделени во метрополски окрузи. И останатите урбани области во Обединето Кралство исто така понекогаш се сметаат за метрополи, особено Западен Мидлендс (центриран околу градот Бирмингем), Западен Јоркшир (центриран околу градот Лидс), Голем Манчестер и Голем Глазгов кои ги претставуваат поголемите густо населени области надвор од Лондон.



Соединетите Американски Држави |




Њујорк


Во Соединети Американски Држави, обединетите области или група на области кои имаат население повеќе од 50.000, потребно е да имаат метрополска планска организација, со цел да се олеснат големите инфраструктурни проекти и да се обезбеди финансиска солвентност. Со ова, население од 50.000 или повеќе се користи како де факто стандард за да се дефинира една метропола во САД. Слична дефиниција се користи и од страна на Бирото за попис во САД, кое ја дефинира метрополската статистичка област како "најмалку еден урбанизирана површина од 50.000 или повеќе жители."
Петте најголеми метрополи во САД се: Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Далас и Хјустон, со тоа што градот Њујорк е најголем. Њујорк се смета за глобална сила, "светски град", чие влијание се чувствува низ глобалните економски, културни и политички системи.



Метрополата како копнена област |


Во Франција, Португалија и Шпанија, метропола (métropole (фр.) / metrópole (порт.) / metrópoli (шп.)) го означува копнениот дел на земјата, во близина или на европскиот континент, во случајот на Франција, тоа би значело Франција без своите прекуокеански области. За Португалија и Шпанија, во периодот на шпанската империја и португалската империја, терминот се употребувал за да се означат Португалија или Шпанија, без своите колонии (Ултрамар). Во Франција Metropole исто така се користи и за големите агломерации.


[[Категорија:Светски метрополи








Преземено од „https://mk.wikipedia.org/w/index.php?title=Метропола&oldid=3745814“





Прегледник

























(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.052","walltime":"0.074","ppvisitednodes":"value":241,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":0,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":0,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":2,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":0,"limit":500,"unstrip-depth":"value":0,"limit":20,"unstrip-size":"value":0,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":0,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 0.000 1 -total"],"cachereport":"origin":"mw1331","timestamp":"20190311123042","ttl":2592000,"transientcontent":false);mw.config.set("wgBackendResponseTime":159,"wgHostname":"mw1319"););

Popular posts from this blog

getting Checkpoint VPN SSL Network Extender working in the command lineHow to connect to CheckPoint VPN on Ubuntu 18.04LTS?Will the Linux ( red-hat ) Open VPNC Client connect to checkpoint or nortel VPN gateways?VPN client for linux machine + support checkpoint gatewayVPN SSL Network Extender in FirefoxLinux Checkpoint SNX tool configuration issuesCheck Point - Connect under Linux - snx + OTPSNX VPN Ububuntu 18.XXUsing Checkpoint VPN SSL Network Extender CLI with certificateVPN with network manager (nm-applet) is not workingWill the Linux ( red-hat ) Open VPNC Client connect to checkpoint or nortel VPN gateways?VPN client for linux machine + support checkpoint gatewayImport VPN config files to NetworkManager from command lineTrouble connecting to VPN using network-manager, while command line worksStart a VPN connection with PPTP protocol on command linestarting a docker service daemon breaks the vpn networkCan't connect to vpn with Network-managerVPN SSL Network Extender in FirefoxUsing Checkpoint VPN SSL Network Extender CLI with certificate

Cannot Extend partition with GParted The 2019 Stack Overflow Developer Survey Results Are In Announcing the arrival of Valued Associate #679: Cesar Manara Planned maintenance scheduled April 17/18, 2019 at 00:00UTC (8:00pm US/Eastern) 2019 Community Moderator Election ResultsCan't increase partition size with GParted?GParted doesn't recognize the unallocated space after my current partitionWhat is the best way to add unallocated space located before to Ubuntu 12.04 partition with GParted live?I can't figure out how to extend my Arch home partition into free spaceGparted Linux Mint 18.1 issueTrying to extend but swap partition is showing as Unknown in Gparted, shows proper from fdiskRearrange partitions in gparted to extend a partitionUnable to extend partition even though unallocated space is next to it using GPartedAllocate free space to root partitiongparted: how to merge unallocated space with a partition

Marilyn Monroe Ny fiainany manokana | Jereo koa | Meny fitetezanafanitarana azy.